Гостивар
Гостиварско архијерејско намесништво: Да се изнајде заедничко мирно законско решение за искушението во Галате
Негувањето на искрен дијалог за сите отворени прашања може да превенира и надминува секакви проблеми, порачаа денес од гостиварското архијерејско намесништво во врска со последните немили случувања околу црквата „Света Петка“ во атарот на Галате.
Архиерејскиот намесник на Гостивар протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, придружуван од епархискиот адвокат на МПЦ-ТГЕ Дарко Котески, како и Горан Димитријески, Милош Димитријески и Велимир Ристески од црковниот одбор од Галате попладнево остварија средба со градоначалникот на Општина Врапчиште Исен Шабани. Како што се наведува во известието од намесништвото, целта на средбата била: „да се изнајде заедничко мирно законско решение за искушението во Галате во духот на традиционално добриот меѓуверски соживот во гостиварско“.
„Имајќи предвид дека токму оваа црква и ова верно население веќе еднаш беа сурово оштетени во воената 2001 година, а нашето поднебје е дом на повеќе народи и вероисповедувања, апелираме на воздржаност, трезвеност и посветеност кон мирот и меѓусебното почитување, за да градиме хармонично општество со вистински вредности. Тетовско-гостиварската епархија силно го поддржува владеењето на правото и во таа смисла останува отворена за изнаоѓање на решение за секој проблем по законски пат.“, стои во соопштението.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија