Вести
Гостиварци фатени со марихуана
Двајца гостиварци завршиле во Полициска станица откако кај нив била пронајдена марихуана.
Како што соопштуваат од полицијата, вчеравечер околу 21 часот и 15 минути, на улица „Сретко Крстевски“ во Гостивар биле лишени од слобода 22 годишниот Г.Д. и 28 годишниот И.М. Откако биле легитимирани и им било прегледано возилото „БМВ“ со гостиварски таблици, во јакната на едниот од нив било пронајдено најлонско ќесе со растителна материја, најверојатно канабис, а во внатрешноста на возилото една зипер-кесичка со иста материја.
Нешто подоцна, при претрес на домот на Г.Д, реализиран со судска наредба, во една од собите било пронајдено уште едно најлонско ќесе и зипер-кесичка со марихуана.
„Пронајденото е одземено и ќе се вештачи, двајцата гостиварци задржани се во Полициската станица и се расчистува случајот“, информираат од полицијата.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград