Поврзи се со нас

Вести

Гостиварци ги прават последните подготовки за дочек на новата година

Објавено

на

 

Оставаме една година зад нас. Вечерва ја испраќаме 2017-та која ќе и отстапи место на новата, 2018-та година. Навиките се да се прави во последен момент, не се променија и за подготовките за вечерашната новогодишна ноќ. Така маркетите, тезгите, дуќаните низ Гостивар вчера и денес имаат полни раце работа. Граѓаните кои биле презафатени со работа и обврски, ги користат последните ден-два за пазарување храна, пијалоци и по некој скромен подарок за најблиските. Раздвиженоста низ улиците воочи дочекот е забележителна, и се разбира доаѓа до израз уште една навика, повеќето граѓани наместо пеш користат возила, па се создаваат гужви.

Освен во последните денови, Гостивар не може да се пофали со некоја особена предновогодишна еуфорија. Можеби единственото нешто кое во втората половина од декември го наговести доаѓањето на Новата година беа предновогодишните журки на колективите. Инаку, градот беше накитен пред десетина дена, прослава на плоштадот како и обично нема. Граѓаните слават најчесто дома во кругот на најблиските или се собираат во поголемо друштво. Кафулињата, дискотеките и рестораните пак ги полнат помладите генерации.

Трговците низ бутиците разбирливо велат дека очекувале повеќе промет и нагласуваат дека и печалбарите не трошат поголеми суми како порано. Храната се продава нешто подобро, затоа што трпезата треба да биде богата.

Подготвени или не, на полноќ ќе започне ново поглавје од нашите животи. Дај боже да биде полно со здравје, среќа и успеси!

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена