Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Гостиварци наседнале на измама и дале 7.700 евра за работни дозволи во Германија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот тетовец Ј.Ј поради сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Пријавениот се сомничи дека  на почетокот на месецов, со цел да прибави имотна корист, го довел во заблуда  58-годишниот Џ.С. од гостиварска Долна Бањица, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. При тоа, осомничениот во неколку наврати  на  Џ.С. му наплатил вкупно 7700 евра, а за што потпишал и изјава во која била наведена сумата и роковите за исполнување на неговите обврски, соопшти СВР.

Судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, вчера му определил мерка притовор на пријавениот од 8 дена.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!