Вести
Гостиварци пијат седативи како да се бонбони
Граѓаните конзумираат антидепресиви и лекови за смирување како бомбони. Состојбите на вознемиреност, несоница, стрес и слично гостиварци се почесто се обидуваат да ги надминат со апчиња. Низ аптеките во Гостивар најбарани се лексилиум, дијазепам, хелекс.
„По лековите против болка кои најмногу ги продаваме, на второ место се седативите. Можеме да потврдиме дека побарувачката на апчиња за смирување и антидепресиви е доста голема“, велат фармацевтите.
Тие потенцираат дека иако лекарите ги препишуваат на рецепт, граѓаните некогаш посегнуваат и на своја рака без да размислат за можните последици од неконтролирана употреба.
Пациенти со посериозни нервни растројства и некои што се во психолошка криза знаат и свесно да ги злоупотребат лековите. Полициската статистика покажува дека најчестите обиди за одземање на животот се труењата со седативи. Од почетокот на годината на гостиварското подрачје ги имало над 30 случаи. Во некои од обидите, труењата биле комбинација од алкохол и таблети или само таблети во поголеми количини.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград