Поврзи се со нас

Гостивар

Гостиварци се подготвуваат за прослава на Бадник и Божиќ

Објавено

на

Ни претстојат два големи православни празници, Бадник и Божиќ, кои ќе внесат радост и топлина во секој дом. Течат последните подготовки за одбележување и прославување.

Утре на Бадник, семејството се собира на заедничка вечера со посна и богата трпеза. Според обичаите, домаќинките месат погача, во која се става паричка. Пред почнувањето на вечерата, најстариот во семејството ја благословува трпезата и го крши лепчето. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката, ќе го следи среќа во текот на целата година.

Во вторник, пак се слави Божиќ, денот на Христовото раѓање. Овој празник има голема симболика која се однесува на ширење на љубов, простување и милосрдие.

Во чест на Бадник, утре во Црквата Пресвета Богородица во Гостивар ќе биде отслужена утрена литургија со почеток во 7 часот. Од 10 часот дечињата со носење на витлеемската пештера и пеење на старата коледарска песна “Вечниот Бог“, ќе го најават Христовото раѓање. Тргнувајќи од црквата „Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад, по улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ до црквата „Св.Петка“. Одбележувањето продолжува во 17 часот со вечерна богослужба, додека традиционалното палење на бадниковиот оган и огнометот се планирани за во 19 часот.

Утрото во вторник, на Божиќ, во Црквата Пресвета Богородица ќе биде ослужена утрена со Света Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во сослужение на повеќе свештенослужители.  Литургијата започнува во 8.30 минути.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 15 минути

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 2 часа

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена