Поврзи се со нас

Вести

Гостиварци заинтересирани за купување дрва на рати

Објавено

на

Од објавувањето на огласот, на 3-ти јануари, до сега, во гостиварската подружница на Јавното претпријатие „Македонски Шуми“ склучени се договори со 40-тина граѓани за купопродажба на огревно дрво. Од шумското стопанство оценуваат дека и годинава, семејствата пројавуваат интерес да си набават дрва за следната сезона со плаќање на рати.

„Верувам дека и во наредниот период ќе има интерес, дури очекуваме и да се интензивира. Крајниот рок за поднесување на барања и склучување на договори е 31-ви март. До тој датум, цената нема да биде поскапена, односно останува иста и тоа 2.370 денари кубен метар за буково дрво и  2.450 денари за даб“, вели директорот на подружницата „Шар Гостивар“, Форе Милошевски.

Граѓаните го отплаќаат огревното дрво на шест еднакви рати. Првата рата ја уплаќаат со самото склучување на договорот, а превозот од складот до домот се плаќа дополнително. За социјално ранливите категории предвидени се попусти и други поволности. За нив се определени осум, наместо шест рати, а доколку платат одеднаш добиваат 10% попуст.

Гостиварската подружница на Јавното претпријатие Македонски шуми, минатата година продаде 12.500 метри кубни огревно дрво.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена