Култура
Готика перформанс во гимназијата во Гостивар
Под наслов ,,Светлозрачноста на готскиот мрак” во гостиварската гимназија вчеравечер се одржа настан посветен на Средниот век и готиката. Перформансот опфати презентација на уметноста, драматизација, рецитирање на ,,Гавранот“ од Едгар Алан По, музички изведби и модна ревија на триесетина модели во готски стил.
„Идејата произлезе од часот по ликовна уметност при обработка на темата Среден век и готскиот стил. Учениците се запознаа со уметноста создадена во овој период на која се воодушевија од естетските ликовни вредности создадени во еден, тогаш тежок период за европските земји. Учениците докажаа дека во секој тежок, мрачен период од животот постои некоја светла точка која мораме да ја следиме и не смееме да дозволиме да не проголта мракот. Во последните години овој готски стил кој му припаѓаше на едно друго, одамна минато време, доживува вистинска експанзија во сите аспекти на популарната култура кај младите нагласувајќи ја готската естетика“, вели професорката по ликовна уметност Елизабета Наумческа, иницијатор на настанот.
фото: ProCam Studio
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград