Поврзи се со нас

Македонија

Градежниците алармираат: Големите проекти ги добиваат странски фирми, домашните се пред ставање клуч

Објавено

на

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) и Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметали при Стопанската комора на Северна Македонија бараат итна средба во Владата, бидејќи, како што велат, состојбата во градежништвото е алармантна – домашните компании се соочуваат со потешкотии во работењето затоа што големите инфраструктурни проекти ги добиваат странски компании, а голем е и одливот на градежни работници.

Според СГИП и Здружението на градежништво, речиси две милијарди евра ќе се одлеат на странски градежни компании и ќе се дадат на странски работници, наспроти 80 милиони евра за домашните компании и домашните работници.

„Процентите се застрашувачки, бидејќи 96 проценти од вкупните пари што ги плаќаме ние и граѓаните ќе одат во странски фирми и за странски работници, наспроти домашните компании кои се пред ставање клуч на врата“, истакна претседателот на СГИП, Иван Петрушевски на денешната заедничка прес-конференција со Здружението на градежништво при Стопанската комора.

Најновиот договор потпишан со конзорциумот „Бехтел и Енка“, кој треба да гради четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д, според СГИП и Здружението на градежништво, е безобразен, бидејќи се даваат 1,3 милијарди евра само за изградба, без направен проект и експропријација.

„Во Владата пред два дена се склучи, така да кажам, безобразен договор каде 1,3 милијарди евра на ненаправен проект и непресметана експропријација, се даваат на странска компанија „Бехтел и Енка“, која пред една година падна на Уставен суд поради тоа што сакаше вработените да работат во просек по 60 часа неделно. Тоа значи дека државата е расположена да дава средства и да ги прекршува законите кои ги носи, да не ги почитува меѓународните конвенции на Меѓународната организација на трудот, како што е Конвенцијата 94 која укажува дека 51 процент од домашниот пазар, сметајќи вработени, проектирање и изведба, треба да биде на домашните компании“, посочи Петрушевски.

Синдикатот и Здружението немаат конкретни информации за договорот што е потпишан со „Бехтел и Енка“, но се сомневаат дека ќе бидат ангажирани домашни компании во проектот, имајќи ги предвид искуствата како оваа компанија работела во други држави.

„Договарање во четири очи, договарање во услови каде што домашните компании не се конкурентни, не е пример за изградба на сектор кој би имал успех. Доволно е само во околината да погледнете, а и во сите други европски држави, да сфатите дека нема голема компанија без голема поддршка од државата, нема голема компанија без примена на домашни ресурси и домашни работници, така што како компании сме запрепастени ниеден од новите јавни набавки што ги финансира ЕУ, ЕБРД, Светска банка, да не ги задоволуваме условите, а во исто време во странство задоволуваме услови да настапиме сами“, потенцира Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво.

Доколку не наидат на слух кај Владата за овој проблем, од СГИП и Здружението на градежништво најавуваат дека ќе ги информираат Европската и Светската федерација за градежништво.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека во последните пет години бројот на градежни работници е паднат под 50 илјади, односно за само една година е намален за околу 12.000 работници.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена