Гостивар
Градинките во Гостивар подготвени – Околу 160 родители се пријавиле да ги носат децата

Објавено
пред 5 месецина

Ковид пандемијата ги остави градинките без детски џагор скоро шест месеци. Откако се усвои протокол се чека на одлуката на Владата, кога ќе отпочнат со работа. Во меѓувреме управите ги вршат неопходните подготовки за повторен прием на дечиња.
Правилата се строги. Мора да се одржува високо ниво на хигиена, честа дезинфекција, миење на рацете и проветрување, воспитувачките се задолжени да носат маски, на влез на децата ќе им се мери температура итн.
Гостиварските градинки се подготвени повторно да ги отворат вратите за децата. Пред самиот почеток, ќе се спроведе уште една темелна дезинфекција.
„Подготвени сме да отпочнеме со работа. Беше извршена темелна дезинфекција, а тоа повторно ќе се проведе неколку денови пред да почне приемот на дечиња. Го добивме протоколот од Министерството за труд и социјала и се подготвивме за негово целосно спроведување. Воспитувачките и негувателките се запознаени со мерките и нивните обврски, исто така и персоналот што е задолжен за хигиената. Секако, и родителите ќе ги информираме навремено. Се уште не се знае кога градинките ќе почнат да згрижуваат деца, и во очекување сме на таа одлука“, вели директорката на детските градинки во Гостивар, Мирјана Мицоска.
Интерес за згрижување на децата има. Околу 160 семејствата се изјасниле дека имаат потреба да ги носат децата во градинка. При тоа доставиле потврди дека се вработени и двајцата родители, што е услов за да се згрижи детето. Предност исто така ќе имаат и самохрани родители. Според протоколот, групите треба да имаат максимум 15, односно 6 деца зависно возраста.
„Групите до 2 годишна возраст може да примаат максимум 6 деца, а групите од 2 до 6 години најмногу 15 деца. Деновиве ги разгледуваме пријавите и потврдите од родителите, и доколку нема поголеми групи, нема да има ниту пречки да се примат сите деца. Ако има поголем број на деца, ќе разгледаме во соработка и со поддршка на општината да изнајдеме решение“, рече Мицоска.
При нормални услови трите детски градинки и центрите за ран детски развој во Гостивар може да примат од 700 до 800 деца. Согласно новиот протокол, во услови на пандемија капацитетот се намалува на 340.
АНКЕТА:

Студенилото продолжува уште неколку денови

Снег падна во Сахара и Саудиска Арабија

Православен празник Водокрст (Водопост) во чест на крштевањето

2009 оздравени, 190 новозаразени со корона изминатово деноноќие во земјава

„КамАЗ“ ги освои сие три победнички места на релито Дакар – За „КамАЗ-мастер“ 18 победа

Приведена 22 годишна девојка на патарина Тетово-Гостивар

За паушали на советниците во Гостивар годишно одат над 100 илјади евра

Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка