Поврзи се со нас

Гостивар

Градоначалникот Таравари на терен кадешто се врши уредување на улици

Објавено

на

Деновиве, на неколку локации во Гостивар се изведуваат работи за уредување и асфалтирање на улици. Гостиварскиот градоначалник, Арбен Таравари излезе на терен  на крак на улицата улицата „ЈНА“ , за да проследи како тече реализацијата. Се работи за улица во должина од околу 150 метри  и просечна ширина од 5,5 метри. Во одредени делови е интервенирано и на нивелирање на шахтите.

„Работите се одвиваат според планираното и очекуваме за десет до петнаесет дена, да се заврши со асфалтирањето. Сакаме да бидеме транспарентни и да кажеме дека вредноста на проектот е околу 1,7 милиони денари со ДДВ. Ова беше барање на граѓаните коишто живеат овде и се надеваме дека ќе бидат задоволни од тоа што ќе го сработиме.  Во план е во скоро време да почнеме со средување и на соседната уличка, што е веднаш тука до оваа“, изјави градоначалникот.

Таравари нагласи дека периодов во неколку села се работи на изградба на канализациони мрежи и најави дека за месец дена, канализација ќе отпочне да се гради и во селото Чегране. Меѓу поважните проекти коишто се планирани да се завршат до крајот на годината, градоначалникот ја напомена изградбата на детската градинка во Долна Бањица.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена