Гостивар
Градоначалникот Таравари неосновано реагира на наслов на новинарски текст на Gostivarpress.mk

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес одговорот на новинарско прашање околу серијата обвинувања од страна на ДУИ на негова и на адреса на општината, го почна со изразување жалење за наслови во медиуми во известувања за прес конференции на ДУИ. Градоначалникот конкретно го посочи насловот во објавата на Gostivarpress.mk „Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени трошоци“, а во неговата изјава обраќајки се кон новинар на Gostivarpress.mk ги препиша зборовите на цитираното лице во насловот, како зборови на медиумот.
„ДУИ во последно време има две – три прес конференции и вака ќе продолжат најверојатно и понатаму. Излегуваат и обвинуваат и за жал медиумите прават наслови: Банди раководат со општина Гостивар. Жалам конкретно за вашиот медиум (Gostivarpress.mk). Кажете ја веста, но не мора да кажувате „банди“, ако веќе кажете дека банда раководи со општина, треба да имате факти.“, рече Таравари, обраќајки се кон новинар на Gostivarpress.mk
Во насловот на објавата „Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени трошоци“, јасно и недвосмислено се гледа и чита дека има цитат, дека зборот „банди“ што го нагласи градоначалникот, го кажува цитираното лице, а не го кажува Gostivarpress.mk. Gostivarpress.mk го пренесува цитатот и тоа автентично како што е кажано на прес конфренцијата, при тоа со наведување на презимето на лицето коешто ја дало изјавата, а текстот го содржи и целото име и презиме.
Во овој конкретен случај нема прекршување на новинарските правила и кодекси. Затоа, Gostivarpress.mk ваквата реакција на градоначалникот ја смета за некоректна, неоснована и како притисок врз слободното новинарство. Како редакција се надеваме дека таквите случаи нема да се повторат. Секако, како професинален медиум оставаме можност за демант, корекција, реакција на објавите, но во никој случај нема да останеме рамнодушни кон удар врз слободата на медиумот.
Gostivarpress.mk ќе продолжи со непристрасно и објективно известување, како и до сега. Во насока на зачувување на вредноста на професионалното новинарство во медиумскиот хаос што владее, на читателите, политичарите, функционерите им препорачуваме да го подигнат нивото на медиумска писменост.
Апелираме оваа реакција на редакцијата да не се злоупотребува во политички цели.
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче