Вести
Градоначалникот Таравари се огласи за трагедијата со удавеното девојче
Општина Гостивар испрати соопштение во кое го пренесува ставот на градоначалникот Арбен Таравари за трагичната смрт на 17 годишното девојче од Здуње.
„Со длабока тага ја примив веста дека Џејха Меџити, младо девојче од село Здуње, починала вчера давејќи се во водите на реката Вардар. Ваков трагичен настан не е туѓ за мене, бидејќи во исти околности изгубив член од моето потесно семејството. Девојчето, велат дека се удавило обидувајќи се да се спаси од куче скитник. Иако случајот се уште нема службена верзија, наклонет сум да му верувам. Гостиварци не измислуваат политички напади до овој степен. Чувствувам целосна одговорност како градоначалник да објаснам дека во нашиот мандат, наследивме трло од 400 кучиња кои можевме да ги изброиме само во Гостивар, а нивниот реален број сигурно бил многу поголем. Сме собирале колку што сме можеле, надминувајќи ги и можностите за згрижување, сме оперирале 50 од нив и сме вакцинирале 100. Изразувајќи најискрено сочувство на семејството на девојчето, како брат кој по вторпат ја изгуби својата сестра, би замолил да не влегуваат во политички драми оние кои воопшто не ги засега болката на семејството или на оние кои биле погодени со вакви несреќи! Ве молиме оставете ја екипата да работи без притисоци за згрижување на кучињата и да не измислуваме драматично-политички приказни“, стои во изјавата на градоначалникот.
-
Гостиварпред 20 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград