Гостивар
Градоначалникот Таравари во посета на дежурните служби во Гостивар

„Да биде мирна новогодишната ноќ и дежурните служби да имаат што помалку работа“, порача градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој вечерва направи обиколка во Противпожарната единица, Полициската станица и Итната помош.
„Важно ни е да покажеме внимание кон луѓето коишто се на работа вечерта кога сите ние славиме, да им посакаме да имаат што помалку работа, да биде една мирна ноќ без потреба да интервенираат.“, рече градоначалникот.
Во однос на годината што ја испраќаме тој истакна дека беше тешка и кризна, со надеж дека 2023-та ќе настапи стабилизација.
„Поминавме релативно тешка година, посебно со сите тие кризи: здравствена, енергетска, импактот на војната во Украина, сето тоа причини покажувања на цените, а тоа имаше влијание и врз буџетот на општината, што е нормално. Се надевам дека ситуацијата ќе се стабилизира и дека ќе се надмине енергетската криза, за да 2023-та биде постабилна“, изјави Таравари.
Противпожарната единица во Гостивар вечерва до сега имала две интервенции, исто толку и полицијата, а во Итната служба помош побарале повеќе пациенти.
Градоначалникот Таравари при посетите на дежурните служби беше придружуван од претседателот на Советот, Валбон Лимани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава