Поврзи се со нас

Гостивар

Градоначалникот Таравари во посета на дежурните служби во Гостивар

Објавено

на

„Да биде мирна новогодишната ноќ и дежурните служби да имаат што помалку работа“, порача градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој вечерва направи обиколка во Противпожарната единица, Полициската станица и Итната помош.

„Важно ни е да покажеме внимание кон луѓето коишто се на работа вечерта кога сите ние славиме, да им посакаме да имаат што помалку работа, да биде една мирна ноќ без потреба  да интервенираат.“, рече градоначалникот.

Во однос на годината што ја испраќаме тој истакна дека беше тешка и кризна, со надеж дека 2023-та ќе настапи стабилизација.

„Поминавме релативно тешка година, посебно со сите тие кризи: здравствена, енергетска, импактот на војната во Украина, сето тоа причини покажувања на цените, а тоа имаше влијание и врз буџетот на општината, што е нормално. Се надевам дека ситуацијата ќе се стабилизира и дека ќе се надмине енергетската криза, за да 2023-та биде постабилна“, изјави Таравари.

Противпожарната единица во Гостивар вечерва до сега имала две интервенции, исто толку и полицијата, а во Итната служба помош побарале повеќе пациенти.

Градоначалникот  Таравари при посетите на дежурните служби беше придружуван од претседателот на Советот, Валбон Лимани.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена