Гостивар
Градскиот стадион во Гостивар добива нов современ лик

На градскиот стадион во Гостивар деновиве се одвиваат големи градежни зафати со кои по завршувањето градот ќе добие целосно функционален и современ фудбалски стадион.
По преземањето на ФК Гостивар од страна на новите сопственици од Турција, најавено беше дека од просечниот второлигаш во план е да се создаде стабилен фудбалски клуб, кој ќе биде редовен учесник во најелитното фудбалско натпреварување во земјава, како и целосна реконструкција на Градскиот стадион.
Преодниот рок е во полн ек и се‘ уште се формира тимот за сезоната што претстои. Gostivarpress.mk ги контактираше претставниците на ФК Гостивар, со цел да дознаеме што всушност се работи на стадионот и каква ќе биде финалната слика по завршување на градежните работи.
„Покрај комплетирањето на играчкиот кадар, со кој планираме да избориме влез во Првата лига, во моментов работиме и на подобрување на инфраструктурата во која влегува теренот, соблекувалните, службените простории, подтрибинскиот дел, односно целиот стадион. Паралелно се работи на три дела, приоритет е фудбалскиот терен кој ќе биде биде заменет со нова подлога со природна трева, со инсталиран модерен систем за наводнување кој ќе биде поставен под теренот според сите фудбалски стандарди на УЕФА кои важат во моментов.“, појасни Алмир Даути, секретар на Фудбалскиот клуб Гостивар.
Истовремено се работи на објектот каде беа старите соблекувални. Таму ќе се направат неколку простории за рекреација на фудбалерите, медицински простории, канцеларии за тренерскиот тим, просторија наменета за молитва, како и канцеларии за управата и администрацијата на клубот.
Во десниот дел од подтрибинскиот простор планирано е да се изгради модерна теретана наменета за фудбалерите која во делот кој гледа кон теренот ќе биде целосна со стакло, се преградува и левата страна, но засега тој дел ќе се користи како магацински простор. Ќе се заменат и клупите за резервни играчи со нови модерни боксови и за прват ќе се постави семафор на стадионот во Гостивар со димензии 4 на 2 метри. Со ова ќе се заокружи првата фаза од реконструкцијата на стадионот.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја