Македонија
Граѓаните без доверба во институциите и партиите, најмногу веруваат на религиските заедници и војската

Највисока доверба меѓу граѓаните имаат верските заедници, војската и полицијата, покажува последното истражување подготвено во рамки на „Програмата за парламентарна поддршка“, што ја спроведуваат Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), Центар за управување со промени (ЦУП), со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија.
Краткиот извештај од годишното истражување за јавната перцепција за работата на Собранието, квалитетот на живот, политичките прашања и довербата во институциите во Македонија содржи информации што се основаат на ставови од граѓаните во кои тие дадоа оцена на низа прашања на скала од еден до 10.
Во однос на најважните институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба – 3,6 , додека најниска оценка доби судството со 2, 7. Собранието (3,4) и Владата (3,3) беа оценети речиси исто. Граѓаните имаат ниска доверба и во јавното обвинителство (2,7) и во политичките партии. Генерално, може да се забележи ниска доверба во сите општествени чинители и државни институции.
Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока, додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион.
Перцепцијата на доминантен дел од анкетираните граѓани е дека пратениците се целосно или делумно зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат. Според учесниците на фокус-групите постои „строга партиска хиерархија каде што повисоките елити се договараат, а другите спроведуваат“
Малку повеќе од половина од испитаниците (52 %) се согласуваат дека промената на изборниот модел може да придонесе кон намалување на зависноста на пратениците од партиските лидери.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение