Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните доследни на традиционалното штедење, не ги познаваат доволно другите можности

Објавено

на

Како сигурно да се зачуваат заштедените пари за, како што велат граѓаните „не дај боже“, или за спокојните денови од третото доба. На располагање се неколку опции: дома или во банка, вложување во пензиски столбови или акции во компании. Граѓаните се скептични. Малку се информирани и бараат едноставни информации.

Универзитетскиот професор од прилепскиот Економски факултет и поранешен заменик министер за финансии, Димко Кокароски уверува дека македонскиот банкарски систем е стабилен, а граѓаните, остануваат доследни на традиционалното штедење- повеќе штедат во банки, а помалку вложуваат во акции.

Штедењето, вели тој, е зголемено поради тоа што е формиран Фондот за осигурување на депозити со кој граѓаните чувствуваат некаква гаранција.

– Нема никаков проблем со банкарскиот систем, а граѓаните остануваат доследни на традиционализмот и класичното штедење. Вкупната сума на денарски и девизни депозити се движи околу седум милијарди евра, вели Кокароски.

Според него, граѓаните помалку знаат за акционерството, за кое, како што вели, потребно е време, знаење и едукација.

-Имаме берза, акции, но тоа сака време, знаење, едукација и пари. Од друга страна, освен пензиските фондови, штедењето е повеќе во банките. На страницата на Народна банка има и „едукација“. Но тоа не е доволно. Треба и стопанските комори, факултетите, па и локалните самоуправи да поттикнат. Но тоа поттикнување е дискутабилно, вели Кокароски.

Акционерството, како што појаснува, бара секојдневно следење, однапред да се знае дали фирмите ќе исплаќаат дивиденда.

– Комплицирана е таа работа. Треба секојдневно следење, треба однапред да се знае дали фирмите ќе исплаќаат дивиденда, а ретко која фирма го гарантира тоа. Сето тоа ги одвраќа граѓаните за пошироко и подлабоко да се заинтересираат за акционерството и за штедењето. Верувам кој и да прашате од граѓаните, нема што да кажат на темата „хартии од вредност“. Луѓето не се виновни за тоа, не се упатени и одат на традиционализмот, вели Кокароски.

Граѓаните недоволно информирани за пензиските друштва

Имаме три пензиски друштва – два задолжителни и еден доброволен. Иако граѓаните редовно добиваат писма со информации, темата им останува непознаница.

Од пензиските друштва објаснуваат дека пензиските фондови се отворени инвестициски фондови.

– Пензиските фондови во Македонија добро котираат и се сигурни и на Балканот и низ Европа. Битно е секој иден пензионер да биде информиран како фондовите функционираат и што се прави со нивните средства. Тоа е лична заштеда на вработениот граѓанин, акумулирана во текот на работниот век. По 1 јануари 2019 година, секој нововработен станува член покрај на првиот, и вториот задолжителен пензиски столб, со тоа што шест проценти од неговата нето плата се акумулира на неговата лична сметка. И секој член добива писмо. При првото вработување, Агенцијата МАПАС рамномерно ги распределува сите вработени во трите задолжителни пензиски фондови во Македонија, појаснуваат од пензиските друштва.

Од вториот пензиски столб, средствата може да се користат по 62 години за жени и навршени 64 години за мажи, со минимум 15 години работен стаж. Третиот пензиски столб е доброволен и секој може да ја дополнува заштедата за пензија, како и колку сака.

Кокароски вели дека граѓаните не го познаваат доволно и не чувствуваат сигурност во третиот, доброволен пензиски столб.

-Третиот пензиски, доброволен столб, сметам сѐ уште не е сигурен, затоа граѓаните не штедат таму. Ние имаме лошо искуство. Пропаднаа банки, па државата ги исплаќаше обврзниците од банките, од штедните влогови, и тоа во девизни средства. Сега помал е изборот за сигурност. Мислам дека осигурителните компании повеќе прават животни осигурувања, што е еден вид штедење, отколку да ги вложат парите во третиот, доброволен столб. А за стекнувањето доверба во тој трет столб, треба да помине време за граѓаните да почувствуваат дека е сигурно, а и под кои услови, да се вложат парите, вели Кокароски.

Граѓаните немаат детални информации за пензиските столбови, за заштедата преку акции, за „множење“ на парите за „црни денови“.

Финансиската писменост кај нас е условена и од традиционалноста и од скептичноста и недовербата во институциите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 5 часа

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 8 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 9 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 10 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 12 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 13 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 15 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 16 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена