Гостивар
Граѓаните ги извадија велосипедите, полицијата апелира да се почитуваат правилата

Со затоплувањето на времето, на патиштата и улиците во тетовско-гостиварскиот регион, покрај другото, забележително зголемен е бројот на велосипедисти и мотоциклисти-учесници во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до велосипедистите да се движат прописно, односно крајно десно по коловозот, еден зад друг, а не еден до друг.
„Им се советува, исто така, во вечерните часови да бидат прописно осветлени и да ги избегнуваат темните улици, да внимаваат на знаците и постапките кога свртуваат лево или десно, задолжително да слезат од велосипед, да ги преминуваат улиците на обележани премини и друго.“, се вели во полициското соопштение.
СВР потсетува дека во спротивно, велосипедистите ќе се соочат со законски предвидените санкции, односно ќе им се изготвуваат соодветни поднесоци, а зависно од видот на сторениот прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидени се и парични глоби од 20 до 50 евра во денарска противвредност (член 96 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата).Минатата година, на пример, на тетовското подрачје биле регистрирани вкупно 22 сообраќајни несреќи во кои непосредни учесници биле велосипедисти и 74 со учесници мотоциклисти.
Максимална внимателност им се советува и на мотоциклистите, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите, задолжително да користат заштитна опрема и да поседуваат возачки дозволи.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение