Поврзи се со нас

Македонија

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Објавено

на

    Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист, кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информираше шефот на дипломатијата Бујар Османи.

    На 12 февруари, истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6 и од нашите закони по однос на валидноста на исправите и документите што имаат меѓународна употреба.

    Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во две смени и сабота и недела, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

    „Тоа што забележувам е дека има одредена паника кај граѓаните во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги изгубат работните места, ќе можат да ги загубат дозволите за престој. Поради тоа во трите наши дипломатско-конзуларно претставништва во Берлин, Бон и во Минхен, во Швајцарија, Италија има наплив од граѓани. Сакам да пратам порака дека нема простор за паника затоа што МНР се организираше да им излезе во пресрет каде и да се. За тие што ќе се затекнат со пасоши кои по сила на закон ќе бидат инвалидирани, ќе може да се вратат со патни листови“, појасни Османи.

    Додаде дека во Германија и Италија однесени се и две нови мобилни станици за издавање патни исправи, а најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови, а потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана.

    „Во градовите каде што немаме ДКП-а, а имаме голем број на луѓе од нашата дијаспора, планираме календар на конзуларни денови од 12 февруари каде што ќе можат директно да дојдат и да аплицираат за пасоши“, рече Османи, потенцирајќи дека во државите каде што немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

    За граѓаните коишто ќе се најдат на бродови по 12 февруари, кажа Османи, ќе можат да го користат овој начин на барање патни листови онлајн и ќе бидат во комуникација со нашите ДКП-а и ќе се договорат каде ќе можат најлесно да го добијат патниот лист.

    Прашан доколку некој граѓанин не обезбедил патен лист, а дошол на граница, вели дека не сака да дава гаранции.

    „Не сакам да давам гаранции, бидејќи тогаш граѓаните можат да кажат „аха значи може, дајте, нема да извадам патен лист“. Ние да се однесуваме како да немаме алтернативен начин. Јас работам паралелно за такви случаи кога граѓаните не можат да стигнат ни до патен лист да можат со тој стар пасош да се вратат и тука јас се надевам дека ќе имаме разбирање, но не сакам да се засноваме на тоа. Ние имаме политичка волја да ги почитуваме роковите, да се реорганизираме и правиме максимални напори да се реорганизираме, но паралелно си работиме на еден бекап план за такви случаи од хуманитарен карактер, кога граѓаните кои не можат да стигнат до патен лист, да можат да дојдат“, кажа Османи.

    Во однос на тоа дека личните карти ќе останат важечки во државава и по рокот од 12 февруари, а со нив може да се патува во државите во соседството, Османи вели дека државите имаат добиено известување дека пасошите се невалидни по 12 февруари, додека личните карти ќе останат валидни по тој рок, и останува на државите како ќе се однесуваат по ова прашање.

    За можноста која тој претходно ја најави за рефундирање на парите за лични документи, вели дека за тоа ќе информира техничкиот премиер Талат Џафери во вторник, додека работна група веќе работи по негова насока и за сите решенија што ќе се донесат ќе информира премиерот.

     

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена