Поврзи се со нас

Гостивар

Грант од 510.000 евра за техничкото училиште во Гостивар, ќе се вложат во уредување и модернизирање

Објавено

на

Средното техничко училиште во Гостивар е едно од четирите во земјава кои добија грантови од Регионалниот фонд за предизвици во соработка со Германската банка за развој и германското Федерално министерство за економска соработка и развој. Грантот за гостиварското училиште е во вредност од 510.000 евра (петстотини и десет илјади евра), а предвидените инвестиции и активности ќе се спроведуваат во партнерство со неколку приватни компании, во насока на поддршка на дуалното образование.

„Со овој грант училиштето ќе биде опремено со современи технолошки алатки кои ќе се инвестираат во уредување на кабинетите во насоките и образовните профили, додека на овој начин ќе бидеме водечко училиште каде теоретското учење и пракса ќе се спроведува со високи стандарди.“, велат од училиштето.

Дуалното стручно образование почна во учебната 2017/18 година, а зголемен интензитет има од 2020/21 година. Сега повеќе од 500 компании се вклучени во овој вид на образование.

„Нашата цел е зголемување на вработливоста на младите и продуцирање на кадри со вештини и компетенции што им се потребни на компаниите и им овозможуваат на младите по завршување на средното стручно образование успешно да влезат на пазарот на трудот или доколку сакаат да продолжат во високото образование. Со помош на нашите европски партнери во стручното образование го воведовме и дуалниот модел на стручно образование. Нивните модели на дуално образование не ги пресликавме во целост, туку воведовме  системски елементи кои им се потребни на компаниите од нашата земја. Воведовме дуален модел на стручно образование кој има атрактивен пристап“, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на доделувањето на грантовите.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена