Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Грицките и газираните пијалоци го забрзуваат стареењето

Објавено

на

    Високопреработената храна, како што се грицки, зашеќерени напитоци, индустриски леб, овошен јогурт, житарки и алтернативи за месо – сѐ тоа е поврзано со забрзаното биолошко стареење. Тоа, поради високата содржина на калории, шеќер, масти и сол во намирниците, посочува ново истражување на Медитеранскиот невролошки институт „Неуромед“ во Поцили, Италија.

    • Покрај тоа што е нутритивно несоодветна, таа е богата со шеќер, сол и заситени или транс-масти, и е подложена на интензивна индустриска обработка, што, всушност, ја менува структурата на храната, а тоа доведува до губење хранливи материи и влакна. Сѐ ова може да има сериозни последици врз бројни физиолошки функции, вклучително и метаболизмот на шеќерот и составот и функционалноста на цревниот микробиом, објасни нутриционистичкиот епидемиолог и авторка на трудот, д-р Маријалаура Боначио.

    Староста на човековите клетки и ткива е под влијание и на генетиката, навиките за животен стил, исхраната и физичката активност. Така, средновечните и постарите италијански учесници во испитувањата, кои добивале повеќе од 14 отсто од дневните калории од високопреработена храна, изгледале постари отколку што всушност биле, пренесува „Њујорк пост“ (New York Post).

    И друго неодамнешно истражување на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско покажа дека додадениот шеќер го забрзува биолошкото стареење, дури и ако е дел од здрава исхрана. Високото ниво шеќер во крвта може да ги оштети клетките и да предизвика хронично воспаление, коешто е поврзано со дебелина, срцеви заболувања, дијабетес, заболувања на црниот дроб и разни видови рак.

    Така, истражувањата сè повеќе сугерираат дека избегнувањето високопреработена храна и додаден шеќер може да биде клучно за побавно стареење и одржување на целокупното здравје.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена