Гостивар
Грип се шири меѓу граѓаните во Гостивар

Амбулантите во Гостивар се полнат со пациенти кои имаат симптоми на сезонски грип. Додека други градови периодов мака мачат со коронавирусот, во Гостивар состојбата е мирна, но граѓаните се на удар на зараза од грип. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, во периодот од 29 ноември до 5 декември во Гостивар се пријавени 33 случаи на грип, што го става на второ место по заболени во земјава, по Дебар каде имало 44. Имајќи предвид дека и не се пријавуваат сите пациенти, реалната бројка е поголема.
Вкупво во Македонија во посочениот период се регистрирани 100 новозаразени со грип. Бројот е зголемен во споредба со минатата сезона за 32.
Во однос на возраст, 52 лица се на возраст од 15-64 години, 29 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години, 18 кај деца на возраст од 5-14 години и едно лице на возраст над 65 години.
Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата против грип, во земјава вакцинирани се вкупно 44.374 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од ЦЈЗ/ПЕ, вакцинирани се 3.604 лица.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022