Вести
Грип: Вонредна дезинфекција – намалена бројка на заболени

На инфективното одделение во гостиварската болница се изврши вонредна дезинфекција како превентива од ширење на вирусот на грип. Пред почетокот на второто полугодие, истото беше направено и низ училиштата во Гостивар. Според информациите од епидемиолошкото одделение, останати се неколку училишта во планинските села каде поради снегот дезинфекцијата е одложена и ќе се спроведе кога ќе се создадат услови.
Во меѓувреме, состојбата со грипот во гостиварскиот регион се стабилизира. За разлика од првата недела од јануари, кога беа регистрирани скоро 700 заболени, минатата недела имало 200 пациенти заразени со вирусот. Лекарите, водени од искуствата од претходните години очекуваат дека и покрај намалувањето, грипот нема сосема да стивне. Ги потсетуваат граѓаните да одржуваат високо ниво на хигиена и да конзумираат храна богата со витамини.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение