Поврзи се со нас

Гостивар

Грипот напаѓа, Гостивар со најмногу заразени во Македонија

Објавено

на

Вирусот на грип интензивно се шири меѓу населението, што според лекарите е очекувано за овој период од годината. Бројката на заразени бележи раст и ги има од сите возрасти, а најпогодени се децата од школска возраст. Симптомите вклучуваат висока температура, болки во грлото, главоболка и проблеми со органите за дишење. Гостивар сезонава е на силен удар на грипот што се покажува и низ медицинските статистики.

Според податоците од Институтот за јавно здравје во периодот од 26 декември 2022 година до 1 јануари 2023-та во  Македонија пријавени се 347 случаи на заболени од грип, што е 96% повеќе во споредба со претходната недела. Заболените се пријавени од единаесет подрачни единици: Гостивар – 57, Битола – 51, Прилеп – 39, Дебар – 37,
Куманово – 35, Кавадарци – 29, Скопје – 24, а во Крушево, Тетово, Струмица, Македонски Брод, Штип, Охрид, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино бројот на пријавени е помал од 20.

Во однос на возрасната дистрибуција, 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 38 кај деца на возраст од 5-14 години и 29 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца  се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена