Поврзи се со нас

Гостивар

Грипот во сенка на коронавирусот – значително помалку грипосани од лани

Објавено

на

Вообичаено во овој период од годината меѓу населението се ширел грип и се регистрирале зголемени бројки на заболени. Но, оваа сезона се чини коронавирусот го фрли во сенка грипот. Според анализите на Институтот за јавно здравје, во сезоната 2020/2021 вкупниот број на заболени од грип изнесува 379 што е 54,2% помалку во споредба со истиот период минатата сезона, кога имало 828 заразени и 70,1% помалку во однос на типичната сезонска крива која изнесува 1.266 грипосани.

ИЈЗ соопшти дека во периодот од 28 декември до 3 јануари во земјава пријавени се 24 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Заболените се пријавени во Дебар – 15, во Кичево – 5, во Струмица – 2 и во Куманово и Прилеп – по 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, 11 лица се од возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

За сезоната 2020/2021, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетните групи население.

Заклучно со 53-та недела, вакцинирани се вкупно 37.221 лица со бесплатна вакцина.

Дополнителни дози вакцина се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи и истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест како комерцијални вакцини.

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од извештаите на Центрите за јавно здравје, вакцинирани се 8.993 лица.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 7 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 9 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 11 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 11 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 15 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 17 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена