Поврзи се со нас

Македонија

Грипот зема замав, нови 1.412 заразени за една недела

Објавено

на

Продолжува да расте бројот на заболени лица од грип и слични заболувања. Од 13 до 19 јануари во земјава евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува 34,1 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со трета недела од минатата сезона е намален за 15,7 проценти, а во споредба со бројот за трета недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 10,4 отсто, соопштија утрово од Институтот за јавно здравје.

Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 200 се деца на возраст до четири години. Останатите 113 се лица на возраст над 65 години. Заболените се пријавени од 26 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 422, Кавадарци – 150, Куманово – 140, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

Во девет извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во осум меѓу кои и Гостивар – сезонска, во пет – средна, во Дебар и Ресен – висока, а во Кавадарци и Кратово – многу висока активност на вирусот на грип.

– Во сезоната 2024/2025 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 3.820, појаснија од Институтот.

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што придонесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 13 часа

Црвена леќа – мешунка со мноштво здравствени придобивки

Македонијапред 14 часа

Етика во религиите да се врати како задолжително-изборен предмет, бара Асоцијацијата на професори

Гостиварпред 16 часа

Уште една пријава за напад од куче скитник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

АНБ воведува задолжително полиграфско тестирање во процесите на проверка и селекција

Македонијапред 17 часа

Дали ќе се ограничат маржите на основните производи? Трговците и дистрибутерите на средба со министерот за економија

Македонијапред 18 часа

„Клексан“ ќе може да се зема во аптеките со рецепт, наместо да се бара рефундација

Светпред 19 часа

Мерцедес започнува повлекување на илјадници возила од 1 април поради неисправност

Гостиварпред 20 часа

Таравари: Ваљбон Лимани потенцијален кандидат за градоначалник на Гостивар од ВРЕДИ

Македонијапред 21 час

Над 5.150 корисници на МојДДВ немаат точни податоци, УЈП ги повика да направат проверка за да им бидат исплатени парите!

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 3 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Видео емисиипред 4 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена