Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Грозјето ги препородува телото и умот, јадете го секој ден!

Сезоната на грозје искористете ја максимално да уживате во вкусот на ова деликатесно овошје, кое патем ќе донесе многу добробит на вашето здравје. Во грозјето се кријат вистински мали чуда, коишто делуваат препородувачки за организмот.

Корисно е за детоксицификација и чистење на организмот, со што помага во слабеење. Содржи витамини А,Б, Б6 и фолна киселина, а влијае и врз намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта. Особено се препорачува за лица со болести на срцето и како превенција од карцином. Семките од грозје се силни антиоксиданти кои го блокираат прераното стареење.

Без разлика дали е бело или црно, грозјето е ваш добар пријател за здравјето. Лушпата на црното грозје изобилува со полифеноли – антиоксиданси коишто ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, предизвикувачи на тумор. Ги штитат крвните садови од атероскледроза, и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и васкуларни заболувања.

Црното грозје изобилува и со флавоноиди, од кои најважни се кверцитин и резвератрол. Тие го намалуваат згрутчувањето на крвта и го намалуваат нивото на „лошиот” холерстерол. Исто така, црното грозје делува врз зголемување на нивото на хормонот мелатонин, кој е неопходен за добар сон.

Белото грозјте се препорачува на луѓе кои имаат проблеми со празнење на цревата, односно опстипација, како и за зајакнување на имунитетот. Може да ви помогне за подобра меморијата и да делува на подигнување на расположението. Редовно конзумирање го чува организмот од бактериски, вирусни и габични инфекции.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно