Гостивар
Грозоморен случај: Гостиварец ја присилувал сопругата на секс со негов другар за пари
Две машки лица се задржани во Полициската станица во Гостивар, откако сопругата на едниот го пријавила за закани и присилување на сексуални односи.
За овој грозоморен случај, Секторот за внатрешни работи Тетово информираше дека дваесетгодишна гостиварка вчера (15 јануари) во 21 часот и 50 минути пријавила дека нејзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар, кој за тоа му плаќал одреден паричен надоместок.
Сопругот и 19-годишник од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар. Полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.
Два часа претходно, 20-годишната гостиварка, исто така, пријавила дека над неа и нејзината 37-годишна мајка било извршено семејно насилство од сопругот и три други лица од Гостивар, нивни роднини, на возраст од 23, 33 и 61 година, кои набрзо се лишени од слобода и задржани во станица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар