Македонија
Груби: Договорот со „Бехтел и Енка“ е тајна, Владата нема да го објави

Договорот со „Бехтел и Енка“ е класифициран и на нивно барање Владата нема да го објави. Ова го истакна првиот вицепремиер Артан Груби кој појасни дека станува збор за доверлив документ и ова не е прв ваков договор да е потпишан во Македонија.
Груби заедно со надлежните министри, директори на институции, фирмата за надзор денеска одржа брифинг со новинарите, на кој откри дека поради отворена постапка, Јавното обвинителство е единствената институција која по службена должност го има на увид договорот за изградба, оти е класифициран документ, на барање на изведувачот „Бехтел и Енка“, бидејќи „содржи бизнис тајни“. Груби додаде дека Владата може да им го достави договорот само на пратениците со безбедносни сертификати бидејќи тие треба да ги гласаат законските измени, но нема информации дали такво нешто ќе се случи.
За бројни реакции од синдикатите и политичките партии за барањето да се изгласа 60 часовна работна недела за работниците кои ќе ги градат автопатите, иако таквото решение е противуставно, Груби одговори дека секаде има исклучоци, а доколку нема доволно работна сила, таа ќе се увезува од странство и никој нема да ги тера нашите работници да работат со сила.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение