Гостивар
Груби: На Гостивар очајно му треба промена! – Таравари: Ќе видиме кој ќе победи, избраниот од Ахмети или избраниот од граѓаните!
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби при денешната посета на Гостивар изјави дека актуелното општинско раководство лошо менаџира со општината и дека на Гостивар очајно му треба промена во раководењето.
„На Гостивар очајно му е потребна промена, затоа што општината се менаџира на најлош можен начин. Граѓаните имаат апсолутна потреба за промена, да се вратат на правилниот пат, на патот на развојот, пат на менаџирање со општината од вистинските луѓе, од вистинскиот субјект и некој што ќе биде 100% посветен на Гостивар, затоа што Гостивар го заслужува тоа. Сите инвестиции што беа ветени и кои веќе ги реализираше Министерството за економија, и сите други што планираме да ги реализираме во општина Гостивар се направени со поддршка од централната власт. Замислете што можеше да се направи доколку имавме соработка со општината, но, за жал тие не ги гледаат интересите на граѓаните и компаниите, туку партиските интереси и политиките на централно ниво. На Гостивар му треба градоначалник кому на прво место ќе му бидат потребите на граѓаните и фирмите, ние како партија ќе ја поддржиме таа промена и таа промена неминовно ќе се случи“, рече Груби одговарајќи на новинарско прашање околу претстојните локални избори. Конкретно за тоа дали ДУИ ќе поддржи кандидатура на Невзат Бејта за градоначалник на Гостивар, Груби рече дека ќе се одлучува следниот период. „Секој кандидат што ќе го поддржи ДУИ и Али Ахмети ќе биде подобар од сегашниот градоначалник“, истакна вицепремиерот.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари за изјавата на Груби искоменира дека граѓаните ќе одлучат кој ќе победи на локалните избори, а нивната партија ќе кандидира човек што ќе ја има поддршката на граѓаните.
„Од ДУИ велат дека ќе донесат промени во Гостивар. Оние кои се на власт и уништуваат веќе 20 години, оставајќи го Тетово без вода, Зајас без канализација, имаат уста да зборуваат за промена?!?!?! Велат дека во Гостивар ќе го кандидираат само оној што ќе има амин од Али Ахмети, но дали мислат дека Гостивар е бавчата на Али, а тој може да сади праз и пиперки, кога ќе му текне. Ние ќе го кандидираме само оној што ќе го одобрат граѓаните и ќе видиме кој ќе победи: Избраниот од Ахмети или избраниот од Гостивар!!!. П.С. Му благодариме на Артан Груби што не’ критикуваше, ни направи бесплатна реклама!“, напиша Таравари на фејсбук.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија