Гостивар
Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Граѓани поддржувачи на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се собраа во Гостивар да изразат поддршка пред претседателските и парламентарни избори во Турција, кои ќе се одржат во недела на 14 мај, испраќајќи порака до оние кои имаат право на глас. На настанот се обрати Беким Кечаи апелирајќи да се поддржи турскиот претседател во трката за трет мандат.
„Поздрав до сите што посакуваат да имаме добра иднина. Мирот на Балканот може да биде само со Реџеп Таип Ердоган. Ние треба да бидеме многу внимателни како Албанци, Босанци, Санџклии и Македонците мусимани или друга вера. Во Турција се гласа за најдобриот лидер. Мир во овие земји може да има само со Ердоган, затоа би сакал да апелирам сите Румели со потекло од овие земји на 14-ти мај да го дадат својот глас за Реџеп Таип Ердоган, лидер кои ги брани интересите на сите, и оние кои се во НАТО и оние кои не се во НАТО. Уште еднаш апелирам од центарот на Гостивар, да се поддржи актуелниот претседател кој нуди безбедност и мир во Македонија, Косово, Албанија за сите“, рече Кечаи.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение