Гостивар
Хаос во јавниот превоз во Гостивар, во еден ден казнети 7 комбисти
Засилените контролите на полицијата врз јавните превозници на гостиварското подрачје потврдуваат дека на тоа поле владее безредие.
СВР информираше дека вчера (29 октомври) во акцијата во Гостивар биле откриени 7 превозници, претежно комбиња, чии сопственици не поседувале лиценци за вршење на ваков превоз. На сопствениците на возилата изготвени им се кривични пријави по член 284а од Кривичниот законик за „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
Вчера, во Тетово пак биле откриени 4 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа и 5 непрописно паркирани возила. Откриените прекршоци се заокружени со изготвување на соодветни поднесоци.
Контролите во Тетово и во Гостивар ќе продолжат и во наредниот период, вклучувајќи го и почитувањето на владината одлука за 50-процентно користење на капацитетите во возилата за јавен превоз, нагласуваат од СВР.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба