Гостивар
Харис Беќири од Ростуше на прием во Агенцијата за млади и спорт

Првиот македонскиот освојувач на предизвикот Еверестинг, Харис Беќири од Ростуше денес беше на прием во Агенцијата за млади и спорт, на средба со директорот Наумче Мојсовски.
„Со ова остварување, Харис станува 613 човек кој успеал да го оствари овој резултат, со таа разлика што тој освен качувањето, за разлика од другите, кои се симнуваат со жичара или со со автомобил, прави и деверестинг, односно се симнува пешки по истата патека. Со поминати 91 км, за 30 часа и 15 минути, ја поминува патеката долга 2,6 км 34 пати, со четири контролни точки и лекарски преглед на секој петти круг. Овој подвиг е потпомогнат од мештаните на селото Рустуше, а во стручниот дел беа вклучени дипломирани професори по физичка култура, медицински персонал, како и млади планинари-наследници на Харис. Со Харис си ветивме поинтензивна соработка со младите во овој регион и вклучување на вакви екстремни спортски остварување во Европската недела на спортот, за која АМС има договор за соработка со Општина Маврово-Ростуше. Нека Беќири биде пример за сите млади и возрасни спортски авантуристи. Предизбикајте се себе си!“, нагласи Мојсовески.
Харис успеа да ја оствари целта после неколку месечен интензивен тренинг, а идеја ја добил од босански планинар.
„Концептот на Еверестинг е страшно едноставен: изберете кој било рид, каде било во светот и повторете го во една активност додека не се искачите на 8.848 метри – еквивалентна висина на Монт Еверест. Завршете го предизвикот на велосипед, пешки или онлајн и ќе го најдете вашето име во Куќата на славните, покрај најдобрите планинари во светот.“, се вели во соопштението на Агенцијата.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја