Гостивар
Харис од Ростуше успешно совлада тежок и несекојдневен спортски предизвик „Еверестинг“

Младиот планинар и спортист Харис Беќири од Ростуше се впиша во листата на околу 600 луѓе во светот, кои го совладале напорниот и несекојдневен спортски предизвик, познат како Еверестинг.
Тоа е всушност неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид, значи, совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување) повеќе пати.
Харис го започна предизвикот вчера во 4 часот наутро, а го заврши успешно денес напладне. Притоа, за време на својот подвиг, доби поддршка од своите блиски, пријателите, соселаните, колеги планинари, како и од претставници на институциите, градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски и директорот на НП Маврово, Самир Ајдини.
Ваквиот подвиг се пријавува во посебна асоцијација на светско ниво, која преку посебен софтвер води статистика и контрола за време на активноста. Со оглед дека Харис ја исполни целта, официјално се вбројува помеѓу 612 луѓе во светот кои го совладале спортскиот предизвик.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја