Поврзи се со нас

Гостивар

Хасани: Општина Гостивар е во рацете на банди, корумпирана со скандалозни тендери и плаќања за измислени услуги

Објавено

на

Огранокот на Демократската унија за интеграција во Гостивар, го осуди и демантира градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во врска со неговите изјави дека општината има добро рангирање во сузбивањето на корупцијата и работи транспарентно. Претседателот на огранокот на ДУИ, Башким Хасани го тврди спротивното, посочувајќи на скандалозни тендери и нетранспарентно трошење на јавните пари.

„Осврнувајќи се на најновото истражување на Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), во обид да докаже уште еден успех, сегашниот градоначалник на Гостивар ја претставува нашата општина со најниско ниво на корупција во споредба со четири други општини, но тоа е сосема поинаку. Граѓаните проценуваат дека нивото на корупција во општината е зголемено на 72%, а ние проценуваме дека зголемувањето е во последните три години. Дека ова е точно покажуваат скандалозни тендери, исплата на пари на  фирми за измислени услуги и слично. Како е можно градоначалникот да промовира асфалтирање на патот во должина од 460 метри, додека на терен се реализирани 400 метри? Каде се 60 метри асфалт што се платени од општинскиот буџет? За рушење на дивоградби, општина Гостивар склучува договор вреден 2 милиони 360 илјади денари, а на сметката на компанијата и се исплаќаат 4 милиони 93 илјади денари. Висината на договорот е надмината, а цела јавност знае дека ниту една дивоградба не е срушена. Зарем не е корупција што дури и кога немаме снег, се вршат плаќања за чистење снег во вредност од 7 милиони 663 илјади денари во последните две години? Градоначалникот за 3 години плати скоро 50 илјади евра ручеци и вечери во ресторани. Овие факти зборуваат за неуспешна, корумпирана локална самоуправа и криминални банди кои од општинската каса си ја финансираат палитичката партија. Неправедно, парите на гостиварци три години по ред, се злоупотребуваат за плаќање на закупнините на партиските штабови ширум државата. Сето ова докажува дека општина Гостивар е во рацете на банди. Но, ова нема да трае долго. Уште седум месеци, во Гостивар ќе заврши феноменот на кражба и криминал што беше потврдено со истражувањето“, посочи Хасани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 10 минути

Невреме во Словенија, снег во Хрватска, студ во БиХ

Гостиварпред 3 часа

Повик за невработени за платено практиканство по 11.000 денари месечно

Гостиварпред 4 часа

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Болните и изнемоштени до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

Македонијапред 5 часа

За една година 5.365 помалку ученици во училиштата во Македонија

Културапред 7 часа

Во Гостивар во четврток изложба и перформанс на Бојана Артиновска

Спортпред 8 часа

Познати 11 кошаркари на „дрим тимот“ на САД за Олимписките игри

Гостиварпред 10 часа

Пожари кај Бунец, меѓу Сретково и Церово, во атар на Горјане…Над тетовско Селце гори неколку дена

Гостиварпред 11 часа

Метеоролозите со предупредување за локално невреме

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена