Поврзи се со нас

Занимливости

Хебрејска Библија од 900 година од нашата ера продадена за 38,1 милиони долари

Објавено

на

Хебрејска Библија, која датира од 900 година од нашата ера и е еден од најскапите ракописи на пазарот за антиквитети, е продадена во Њујорк за 38,1 милиони долари.

Аукциската куќа Сотби очекуваше дека Кодекс Сасун, именуван по неговиот најпознат сопственик, Дејвид Соломон Сасун, кој ја купи Библијата во 1929 година за 350 фунти, може да достигне цена од 30 до 50 милиони долари, пишува Њујорк Тајмс.

Речиси целосна и исклучително добро сочувана хебрејска Библија, на која и недостасуваат само неколку страници, а се состои од 24 книги, беше продадена од Сотби по четириминутно наддавање на двајца понудувачи, за 38,1 милион долари, се вели во објавата од аукцијата куќа. Ја купил поранешниот американски дипломат Алфред Мозис во име на американска непрофитна организација која ќе ја подари Библијата на Музејот на еврејскиот народ АНУ во Тел Авив, се вели во соопштението.

Понудата ја надминува сумата од 30,8 милиони долари за кои во 1994 година беше продаден ракописот на Леонардо да Винчи, Лестер Кодекс, соопшти Сотби, но и под 43,2 милиони долари платени во 2021 година за првото издание на американскиот Устав, што е светски рекорд за која било книга или документ.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена