Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Хемијата на францускиот бакнеж – Што се случува во мозокот додека се бакнуваме?

Објавено

на

Бакнежот е универзален јазик кој ги надминува времето и границите. Пред неколку десетлетија, антрополозите процениле дека повеќе од 90% од културите практикуваат бакнување. Луѓето имаат инстиктивен нагон за бакнеж, но начинот може да биде различен во зависност од културата или личните искуства на поединецот.

Страствениот француски бакнеж делува на нашиот мозок како дрога стимулирајќи ги природните хемикалии во нашето тело, а може да предизвика магија на вистинска екстаза која поттикнува коктел од хормони и невротрансмитери. Во текот на бакнувањето, нашето тело станува исклучително активно испраќајќи милијарди информации од мозокот до јазикот, мускулите на лицето, усните и кожата. Овие импулси произведуваат низа невротрансмитери кои директно влијаат на тоа како се чувствуваме.

Бакнежот е убав трик кој го осмислила природата да го запре говорот кога зборовите стануваат излишни„ – Ингрид Бергман

Кога ќе се случи бакнежот, нашето тело и мозок доживуваат низ (незаборавни) хемиски реакции. Страствениот бакнеж прво ги шири крвните садови и мозокот почнува да прима повеќе кислород одколку редовно. Нашите образи се вцрвуваат, а пулсот забрзува. Дишењето станува неправилно и длабоко. Зениците се шират, а пет од дванаесет мозочни нерви веднаш се активираат. Благодарение на нив, сетилото за вид, мирис, слух, вкус и допир се засилува.

Долгиот бакнеж, исто така, со помош на јазикот, ни овозможува (потсвесно) да собереме информации за нејзиното или неговото здравје и плодност.

Покрај тоа, усните се поврзани со голем дел од мозокот. Сексологот Алфред Кинси тврди дека некои жени можат да дојдат до оргазам после долг и страствен бакнеж, бидејќи, технички нашите усни се преполни со чувствителни нервни завршетоци, така што и нај мал допир испраќа грст информации (од кои се чувствуваме добро) во мозокот. Иако често не размислуваме за нив на овој начин, усните се наша најизложена ерогена зона.

“Бакнежот можеме да го сфатиме како прва линија одбранбена линија на телото против врска или брак со погрешна личност.“ – Еволуциски психолог Гордон Галуп Јуниор

Што се случува во мозокот во текот на бакнежот?

Romantic Couple in Paris Eiffel Stockvideoklipp på (helt royaltyfria ...

“Кога се бакнуваме огромен дел од мозокот станува активен“, тврди Хелен Фишер, професорка по антропологија на Универзитетот Рутгерс. “Навистина, тие хемиски коктели прават разлика во изборот на партнер и привлечност. Се чини дека нѐ привлекуваат луѓе кои имаат одредени биолошки профили.“

Кога се бакнуваме, сите пет сетила истовремено пренессуваат пораки. Милијарди нервни врски активно праќаат сигнали по целото тело, а сите тие конечно завршуваат во postcentral gyrus, делот од мозокот кој го обработува чувството на допир, температура, болка…

Нашиот мозок реагира на овие сигнали со произведување на хемикалии кои ни помагаат да донесеме одлука за следниот потег. Добар бакнеж може да биде како дрога, да влијае на хормоните и невротрансмитерите да почнат забрзано да струјат низ телото, стимулрајќи ги нашите центри за уживање.

Бакнежот ослободува големи количини на допамин, а токму тој е одговорен за копнеж и желба, а и научно е поврзан со “вљубувањето“. Допаминот делува на нашиот мозок како кокаинот, поради што стануваме зависни за личноста во која сме вљубени. мозокот го доживува допаминот како награда, а бидејќи бакнувањето го наградува мозокот со допамин, желбата за оваа работа константно се зголемува.

Кога сте заљубени и кога чувствувате еуфорија, имте несоница и губење на апетит, вашиот мозок е едноставно “издрогиран“ со допамин.

Звукот на бакнежот не е така гласен кока оној кој го произведува топот, но неговиот одек се чувствува многу подолго.“ – Оливер Вендел

Бакнувањето ослободува и големи количини на окситоцин – “хормонот на љубовта“. Окситоцинот е одговорен за одржување посебна врска помеѓу две личности. Поради него бакнувањето може да ја одржува љубовта силна, дури и после неколку децении врска. Со други зборови, бакнувањето влијае на хормони и невротрансмитери кои се надвор од нашата свесна контрола, а тие сигнали играат голема улога во нашите чувства према партнерот. Познато е дека окситоцинот влијае на кортизолот, односно го намалува, а кортизолот е хормон кој е одговорен за чувство на стрес.

Страсниот бекнеж може да го подигне нивото на серотонин кој не доведува до опсесивни мисли во љубењето на партнерот. Научниците приметиле дека нивото на серотонин кај новите заљубени парови изгледа исто како и кај пациенти кои боледуваат од опсесивно – компулсивно пореметување. Бакнувањето исто така го подтикнува и адреналинот кој му помага на нашето тело да предвиди што би моќело да му се случи следно, а адреналинот ја забрзува работата на срцето и го намалува стресот.

На крај, францускиот бакнеж е нешто што мажите (несвесно) го злоупотребуваат кога сакаат со партнерката да направат исчекор. Машката сила е полна со тестостерон и бакнежот на мажите им дава шанса, несвесно, на жените да им “префрлат“ тестостерон за да предизвикаат сексуална желаба. Оваа дополнителна предност на бакнувањето објаснува зошто мажите се далеку позаинтересирани за долги “влажни“ бакнежи од жените.

И еднаш кога ќе ја пронајдете вистинската личност, постои само еден начин да ја одржите врската активна. Само продолжете да се бакнувате.“ – Еволуциски психолог Гордон Галуп Јуниор

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена