Гостивар
Хепенинг по повод Нова Година во ОУ „Единство“ во Гостивар

Дворот во основното училиште „Единство“ во Гостивар денес беше место на празнична предновогодишна атмосфера, весели и вредни деца во заедничко дружење и споделување убави моменти. Колективот и учениците решија по повод Нова Година да организираат хепенинг со учество на децата од паралелките на македонски, албански и турски наставен јазик.
На посебни штандови беа изложени разни креативни изработки, новогодишни украси, декорации, честитки, како и колачи направени од самите ученици и наставниците, кои се продаваа по симболична цена. Собраните средства ќе бидат наменети за купување на музички инструмент за часовите по музичко.
Не изостана и дружењето со Дедо Мраз, кое за дечињата според новогодишните традиции и обичаи е најрадосниот дел од празнувањето.
Праазниците се убави кога се споделува радоста, порачаа од ОУ „Единство“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава