Гостивар
ХЕС „Маврово“ лани произведе над 419 милиони киловат часови електрична енергија

Мавровскиот хидроенергетски систем ја заокружи 2019-та година со надминат план на производство на електрична енергија за околу 6,5%. Во годишниот план биле предвидени 394.388.000 киловат часови струја, а мавровските хидроцентрали произвеле 419.835.000.
„Се гордееме со така висок процент на остварено производство што е заслуга на погонската спремност на нашите агрегати на сите три електрани. Секако со вработените ги држевме прку целата година во добра кондиција да го постигнеме овој значителен резултат и тоа, во услови на релативно лоша хидролошка година. Нашите служби водат евиденција за регистрираните врнежи на дожд и снег од самиот почеток на работата на електраните. Во 2019-та имало 110 денови со врнежи од дожд со вкупно 712,5 милиметри паднат воден талог, што е под просек и 29 дена со врнежи од снег со вкупно 2,76 метри снежен талог, што слободно може да кажам според нашето искуство е многу малку, скоро ништо. Сепак, планираното производство е остварено со 106,5%“, вели директорот на ХЕС „Маврово“, Ѓорѓи Божиноски.
Новата 2020-та година, мавровските хидроцентрали ја дочекуваат во добра кондиција и подготвено. Планирано е производство на 311 милиони киловат часови електрична енергија.
„Иако актуелно резервата на вода во акумулацијата не е на некое завидно ниво, очекуваме остварување на планот, па и надминување. Временските прилики знаат да се менуваат, според прогнозите во втората половина на јануари ќе имаме врнежи од снег, а во пролетните денови дожд, така што нема стравување дека нема да има доволно вода како суровина за производство на електрична енергија.“, нагласи Божиноски.
За оваа година, најавена е значајна инвестиција вредна околу 3 милиони евра, за санација на водостанските шахти, во хидроелектраната „Вруток“ со што ќе се реши проблемот со загуба на вода, кој носи финансиски штети од околу 600 илјади евра годишно.
Мавровскиот хидроенергетски систем со трите централи „Вруток”, „Равен” и „Врбен” и со вкупна акумулација од 277 милиони m3 вода, претставува еден од најголемите и најсложените во македонскиот електроенергетски систем. Во вкупната инсталираност на хидрокапацитетите во земјава учествува со 42%.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар