Вести
ХЕЦ „Маврово“ : Добар старт на јубилејната година

Годината во која одбележува шестдецениски јубилеј, мавровскиот хидроенергетски систем ја почнува со позитивни показатели. Во мавровската акумулација има доволно резерви на вода, кои дополнително ќе се зголемат со топењето на снегот. Од ХЕЦ „Маврово“ очекуваат да го надминат планираното производство на струја за годинава, кое изнесува 341.553.00 киловат часови. Од први јануари до денес, остварени се 35% од планот.
Што се однесува до лани, производството на електрична енергија било зголемено за 20% во однос на 2015-та година.
„Минатата година ја оценувам како хидролошки добра пред се` поради обилните врнежи од дожд во текот на целата година кои ја наполнија акумулацијата со вода за остварување на планираното производство. Зголемувањето на производството се должи пред се` на успешно завршената ревитализација од пред две години, со што се овозможи зголемено производство на електрична енергија со речиси исто количество на потрошена вода, зголемување на доверливоста и сигурноста на системот како и минималниот број на дефекти и застои“, вели директорот на мавровските централи, Александар Левкоски.
Хидроенергетскиот систем „Маврово“ на 27-ми мај, пролетва ќе одбележи 60 годишен јубилеј. На тој датум, пред шест децении протекоа првите киловат-часови електрична енергија од првиот аргегат на хидроцентралата во Вруток.
Од почетокот на работата, па се до сега мавровските хидроцентрали произвеле околу 23 милијарди киловат часови електрична енергија. Рекордно производство е забележано во 2010-та и тоа над 800.000.000 киловат-часови електрична енергија.
Мавровскиот хидроенергетски систем, го сочинуваат трите централи: „Вруток“, „Равен“ и „Врбен“.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение