Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Храна и намирници што поттикнуваат трајна среќа

Објавено

на

Едноставната стратегија во исхраната е битна за човековата благосостојба. Со конзумирање на научно докажана „среќна храна“ се подига расположението, енергијата, а се смирува анксиозноста и стресот.

– Храната може да ја поттикне или ја попречи среќата. Една од седумте невролошки тајни на среќата е уживањето во вистинска храна и пијалак, што прави да се чувствуваме подобро, не само во тој миг, туку и на долг рок. Одредена „среќна храна“ е научно докажана како таква. Има и „тажна храна“ – онаа која го расипува расположението, ја одзема енергијата, ја зголемува напнатоста, и којашто треба да се избегнува, објаснува американскиот психијатар Даниел Амен.

„Среќна“ храна

Вистинската „среќна храна“ е онаа што прави да се чувствувате добро во мигот, но го подобрува расположението, енергијата и физичката благосостојба и на долг рок.

Од друга страна, пицата, сладоледот и чипсот, на пр. – може да пружат моментен брз поттик, но подоцна го одземаат чувството на задоволство. Општо земено, ова се неквалитетни намирници кои се направени со добар вкус за да поттикнат „чувство на блаженство“ во мозокот преку неврохемикалии на среќата – како што е допаминот, коишто предизвикуваат зависност.

Сѐ поголем број на научни трудови покажуваат дека ваквата исхрана го зголемува ризикот од депресија, анксиозност, нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание, деменција, како и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и други состојби, пренесува „МБГ“. Стручњаците препорачуваат поголема рамнотежа во исхраната и при изборот на јадењата.

– Како психијатар имам сретнато десетици илјади пациенти во повеќе од 30 години, па можам да ви кажам дека овие проблеми ви ја одземаат животната радост, појаснува д-р Амен.

Според него, намирниците за трајна среќа вклучуваат: Органско шарено овошје и зеленчук, особено бобинки и зелјести плодови; одржливо одгледани риби и месо, јаткасти плодови и семиња, здрави масла, јајца; чисти протеински прашоци (без шеќер, растителна основа), црно чоколадо, непреработена храна, органска храна, храна со низок гликемиски индекс (којашто не го зголемува шеќерот во крвта), храна богата со растителни влакна.

„Тажна“ храна…

– Јас тоа го нарекувам „оружје за масовно уништување“, бидејќи го уништува здравјето на населението, а ние и ги извезуваме тие видови храна низ светот. Тоа се намирници кои Ве прават среќни во мигот, но поради коишто подоцна се чувствувате лошо, уморно, вознемирено или стресно, предупредува Даниел.

Лажната „среќна храна“, според наводите, ги вклучува следните намирници: Високо обработена храна, третирана со пестициди, со висок гликемиски индекс (што го зголемува шеќерот во крвта), со ниска количина влакна, вештачки обоена и засладена храна, производи третирани со хормони и антибиотици.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 часа

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена