Поврзи се со нас

Македонија

Храна и стокови резерви има, граѓаните да не прават залихи-апелира Владата

Објавено

на

Владата вчера уште еднаш апелираше, граѓаните да бидат смирени и да не стравуваат – прехранбени производи има, стоковните резерви се на задоволително ниво, а ценовен шок не се очекува.

Состојбата се следи и доколку се процени дека е потребно, државата ќе интервенира.

Како што информира Владата, се преземаат сите мерки за да се зачува стандардот. Според најавите од Централната банка, пак, девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане.

– Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните да бидат смирени. Не се очекува ценовен шок на основните прехранбени производи. Моментно нема потреба да се стават во функција стоковните резерви, имајќи предвид дека производителите на основните производи имаат залихи за период од над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви. Продолжуваме со снабдување на државните резерви, како што е предвидено во годишната програма, а ги разгледуваме и евентуалните потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резерви, доколку има потреба од такво нешто, велат од Владата.

Информираат и дека се во редовна комуникација со сите релевантни општествени чинители, како и со меѓународните институции, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд, за евентуално, ако има потреба, да се користат инструменти кои ќе помогнат во финансирањето на трошоците во економијата.

-Граѓаните да бидат сигурни и во најавите на Централната банка која изминатите денови информираше дека девизниот курс на денарот е стабилен и таков ќе остане. Оваа монетарна стратегија на стабилен девизен курс на денарот е соодветна стратегија во линија со фундаментите на македонската економија. Согласно оваа потврда за стабилноста на курсот се девизните резерви кои се клучната алатка при ваков тип на монетарната стратегија кои според последно расположливите податоци изнесуваат околу 3,4 милијарди евра што е двојно повисоко ниво во однос на 2008 година на глобалната финансиска криза, наведуваат од Владата.

Владата го повтори и апелот – трговците да ја почитуваат Одлуката за трговските маржи.

Став за кризата вчера изнесе и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој од Гевгелија обвини дека власта „со делбата на Украина – Русија“ го дефокусира народот за да му го врти вниманието од вистинските проблеми.

-Прво, за нешто што се  случува неколку илјади километри далеку од Македонија сакаат да го поделат народот, да не мисли народот на сиромаштијата, на поскапите горива, поскапата струја, да не мисли за поскапиот леб, земјоделецот да не мисли на родот кој остана ненабран и непродаден, за катастрофата во здравството, хаосот во образованието, туку да мисли некаде таму далеку што се случува. Наместо да бидеме фокусирани на тоа што е наш проблем и тоа што треба да биде наша домашна грижа, тие прават одвлекување на вниманието и дефокус на теми кои ниту еден од вас не ги засега. Тоа е инженерингот кој го почна Пендаровски, делејќи го народот на проукраински и проруски, рече Мицкоски на настанот по повод отчетот на градоначалниците од неговата партија.

Српскиот претседател, пак, Александар Вучиќ во синоќешното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

-Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.

Според српскиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè  друго и нема да го ограничи извозот.

-Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ.

ВМРО ДПМНЕ веднаш испрати реакција, оценувајќи дека Вучиќ со ова открил дека земјава нема стоковни резерви на пченица.

-ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО – ДПМНЕ беа исправни, но Владата наместо работа одбра лага. Односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? Недостатокот на стоковни резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Каде завршиле стоковните резерви? Што друго недостасува од државните резерви?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 17 минути

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 14 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 15 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 16 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 18 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 19 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 20 часа

Поддршка за 12 стари занаети во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена