Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Храна која помага во намалување на целулитот

Објавено

на

Денешниот пазар е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“.

Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност.

Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна – просечно околу шест грама во овошка. Крушата особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо – обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум – минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 2 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена