Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Храна што ги пумпа мускулите повеќе од било кои суплементи

Објавено

на

На пазарот може да се најдат најразлични видови на суплементи кои компаниите ги рекламираат како моќни, чудесни и многу ефикасни за градење на мускулна маса. Сепак, поборниците за здрав живот и нутриционистите предупредуваат дека нема потреба да се посегнува по апчиња или прашоци, кога истиот ефект може да го добиете преку храната. Еве што да вметнете во секојдневното мени за силни мускули:

Спанаќ – Содржи многу антиоксиданси и флавоноиди, што значи дека помага во превенција на ракот на дојките, кожата и јајниците. Има витамин К, калциумот и магнезиумот кои ги зајакнуваат коските. Добар извор е и на витамините А и Ц, за посилен имунитет за време на вежбање и тренинзи.

Брокула – Задолжително да се јаде често. Богата е со многу минерали, витамини, антиоксиданти. Комбинирајте ја со друг зеленчук кој содржи влакна (компир, пченка, кромид) и внимавајте да не ја преварите да не ги изгуби хранливите материи.

Лосос – Изобилува со протеини и омега 3 масни киселини, кои се одлични за градење на мускули. Една студија покажала дека би можел да биде од помош и во забрзување на метаболизмот, со што и резултатите од вежбањето ќе ги забележите многу побрзо.

Јајца – Ги содржат сите клучни аминокиселини, што ги ставаат во редот на најдобрите додатоци во исхраната наменета за раст на мускулната маса. Имаат релативно ниска енергетска вредност (75 калории по јајце), а истовремено ги содржат најквалитетните протеини кои може да се најдат во храната.

Маслиново масло – Истражувањата покажуваат дека маслиновото масло ги контролира воспаленијата во телото, и произведува хормони како супстанци коишто го поддржуваат нивото на тестостерон, и како секој друг извор на масти, маслиновото масло е извор на калории кои што му помагаат на телото да се задржи во активна состојба. Зголемувањето на мускулната маса не е условено со конзумација на сите калории кои што можете да ги внесете во вашиот организам. Всушност, станува збор за конзумација на вистинските калории кои што овозможуваат мускулен раст.

Урда – Урдата обезбедува два различни извори на протеин – сурутка и казеин. Сурутката е најдобро позната по своето својство како брза храна за мускулите после тренинг, додека казеинот е бавноразложувачки вид на протеин, и им помага на вашите мускули дури и кога спиете.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена