Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Храната и потењето – Како да си помогнете?

Објавено

на

Потењето некогаш може да претставува вистински проблем за луѓето, доколку е изразено во голема мера и им го пореметува секојдневието. Никој не сака мокри пазуви, запотени дланки, наросено чело. Колку еден човек се поти, пред се зависи од самиот организам, но секако постојат и важни надворешни фактори. Храната и пијалоците се едни од нив.

Што треба да избегнувате?

Мрсна храна и шеќери – Многу познати непријатели на вашето здравје. Причина плус да намалите со хамбургерите, тортите и чоколадите е токму потењето. Кога ги внесувате, на телото му треба двојно повеќе енергија да ги обработи, се мачи, па потењето во голема мера е неминовно.

Кафе и пијалоци кои содржат кофеин – За жал, омилениот утрински ритуал на повеќето од нас, му помага на потењето. Кофеинот е стимуланс, дава енергија, забрзува, оттаму го поттикнува телото да се поти.

Луто и зачинето – Ваква храна го забрзува метаболизмот, поради што расте телесната температура, а телото пак се лади со потење. Лоша вест за љубителите на лутите пиперчиња, но што е тука е.

На листата се уште: алкохолот, лукот, кромидот и сладоледот заради високиот процент на маснотии што го содржи.

Што треба да внесувате?

Со конзумирање на вистинската храна и пијалоци можете многу да си помогнете во однос на регулирање на потењето.

Вода – Нема дилема, хидриран организам полесно се справува со сите предизвици.

Храна богата со калциум – Зошто? Затоа што му давате на телото добра основа за саморегулација на телесната температура. Калциум има во бадеми, млеко, сирење, зелена салата и друго.

Маслиново масло – Му помага на желудникот полесно да ја свари храната, а тоа автоматски значи помал напор и помалку потење.

На листата се уште: јаболка, банана, јајца и друго

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена