Занимливости
Хрват собори Гинисов рекорд, туркал автомобил 107 километри
Загребчанецот Томислав Лубењак, го собори Гинисовиот рекорд во туркање автомобил, туркајќи го повеќе од 107 километри и тоа со брзина од шест километри на час.
Целиот зафат започнал во саботата во 15 часот, кога е запалена службената стоперка во придружувачкиот автомобил, од кој се следел секој чекор на Томислав, екипа на записничари и официлајен претставник на Гинис од Лондон, кои биле задолжени да евидентираат секаква состојба и самит развој на соборувањето на уште еден светски рекорд.
Целта била Лубењак за 24 часа да помине 100 километри туркајќи автомобил од 730 килограми со се возач, но рекордот го собори пред планираното, после 16 часа туркање кога влезе во 83. километар.
Иако го собори гинисовиот рекорд утрото, 8 часа пред планираното, Томислав го турка автомобилот до 15 часот, напаѓајќи го рекордот туркање автомобил од две лица кој е 100 километри. Рекорд кој го држеше еден Македонец од двајцата туркачи. Тој рекорд паднал околу 12:30 часот, но и покрај тоа продолжува со туркање до 15 часот со што го заокружи планираниот период од 24 часа.
Официјално Томислав помина 107 километри туркајќи автомобил, што е убедливо нов Гинисов рекорд.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар