Занимливости
Хрвати со листа Чак Норис на локалните избори – забранети земјотреси, задолжителен кафе-час, озборување…

Под слоганот „Јас ќе го водам Загреб поинаку – како шериф“ во главниот хрватски град пред два дена беше претставена нова изборна листа за претстојните избори под името Чак Норис 366.
„Почитувани сограѓани, дозволете ми да ги исполнам сите ваши желби, бидејќи јас сум единствениот што може да го стори тоа. Јас не само што ќе бидам градоначалник на Град Загреб или градоначалник на Хрватска, туку ќе бидам и градоначалник на вселената! “, порачаа од „штабот“ на Чак Норис во кафулето кое го носи името на славниот актер Норис. Кафулето токму со овој настан го одбележа роденденот на Чак Норис.
Тамошните медиуми пренесуваат дека во презентираната програма се издвојуваат неколку предизборни ветувања: забрана за земјотреси во градот Загреб, големо пиво по цена на мало, задолжително воведување „кафе-час“ и озборувања од 9 до 12 часот секој ден. Исто така ќе се иницира преименување на улици и плоштади по имињата на акционите херои – Рамбо, Роки и Стивен Сигал.
фото:Facebook/Chuch Norris
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила