Вести
Хуман гест – Професионална шминкерка од Гостивар бесплатно ќе дотера матурантки од социјално загрозени семејства
Во пресрет на матурските прослави, децата и родителите се опседнати со изгледот за матурската вечер. За свечени фустани и костуми се оди и во други градови, некои пак барајќи го совршеното парче облека, нарачуваат и по интернет. Сепак, има семејства кои не можат си дозволат нова облека и немаат пари за се друго што оди со свечениот изглед како шминка и фризура.
Сакајќи да им излезе во пресрет на девојки од социјално загрозени семејства од Гостивар, професионалната шминкерка Бојана Јованоска се реши на хуман гест и им нуди бесплатно разубавување за посебната вечер.
„Драги матурантки и апсолвентки, знаеме дека не сме сите со еднакви можности, да си дозволиме многу нешта наеднаш. Затоа на неколку девојки на кои навистина треба да им се помогне, ќе им доделам гратис шминка“, вели Бојана која ја покренала истата иницијатива и кај други стилисти и фризери од Гостивар и се надева дека ќе се придружат.
Бојана може да ја контактирате на 078 831 737.
Bojana Professional Make up
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди