Култура
Хуманитарен фолклорен концерт во Гостивар
Во четврток (8 јуни) во гостиварскиот Центар за култура АСНОМ ќе се одржи првото издание на манифестацијата „Полог пее“. Организатор на настанот е Здружението за култура „Анисија“, а во програмата учествуваат гостиварското културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ и нивните колеги од тетовското друштво „Иљо Антески Смок“.
„Целта ни е преку една ваква манифестација да придонесеме за зачувување на традиционалните вредности на овие простори и запознавање на помладите генерации со нивните корени“, велат организаторите.
Влезот е слободен, а манифестацијата има хуманитарен карактер. Волонтери хуманитарци ќе постават кутија за донации во која посетителите ќе може да го дадат својот прилог. Собраните пари ќе се наменат за помош на загрозени категории граѓани.
Концертот „Полог пее“ е поддржан од Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура. Почетокот е закажан за во 19 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград